Мерцедес-Бенц Е-класа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мерцедес-Бенц Е-Класа (германски: Mercedes-Benz E-Klasse) е поттип на автомобили произведени од германскиот автомобилски производител Мерцедес-Бенц во различни конфигурации на моторот и надворешноста. Произведени од 1953 година, Е Класата спаѓа во средна класа од линијата Мерцедес и е продадена низ целиот свет низ пет генерации.

Пред 1993 година, Е во номенклатурата на Мерцедес-Бенз била наставка по бројот на моделот на возилото со вбризгување. Сите генерации на Е-класата нудат или погон на задните тркала или 4Matic систем на погон на четири тркала.

Историски гледано, E-класа е најпродаван модел на Мерцедес-Бенц, со повеќе од 13 милиони продадени автомобили до 2015 година. Првата серија E-класа првично била достапна како седан со четири врати, караван со пет врати, купе со две врати и кабриолет. Од 1997 до 2009 година, еквивалентниот купе и кабриолет биле продавани под името Mercedes-Benz CLK-Class; кој всушност беше заснован на механичките основи на помалата C-Class, а истовремено позајмувајќи стил и некои мотори од е-класа.

Remove ads

Претходници

Е-класа

Прва генерација (W124; 1993-1995)

Thumb
Mercedes-Benz W124 (седан)

Името „Е-класа“ првпат се појавила со W124 во 1993 година за моделот од 1994 година. Дизел верзиите продолжиле да биде опција за потрошувачка на гориво, а бензинските V8 мотори (достапни по 1992 година) дополнително биле зајакнати. Четири-цилиндрични бензински модели не биле продавани во САД.

Втора генерација (W210; 1996-2002)

Thumb
Mercedes-Benz E 200 Elegance (Велика Британија, W210)

Е-класата W210, произведена во 1995 година била дел од полуксузната понуда. Во септември 1999 година. Имало визуелни, механички и подобрувања во квалитетот во однос на претходните верзии.

Трета генерација (W211; 2003-2009)

Thumb
Mercedes-Benz E 220 CDI Classic (Европа)

Започнала да се произведува во 2002 година, Е-класата W211 била уште една еволуција на претходниот модел.

Четвртата генерација (2009-2016)

Thumb
Mercedes-Benz E 250 CGI Avantgarde (Австралија, W212)

Купе и кабриолет (C207 / A207)

Thumb
Mercedes-Benz E 350 Avantgarde (Австралија, C207)

Купето (C207) за првпат било прикажано на салонот за автомобили во Женева во 2009 година, додека кабриолетот (A207) бил откриен на Северноамериканското интернационално шоу за автомобили во 2010 година.[1][2] Двата модели ги замениле претходните модели на C209 / A209 CLK-Class . Е-класата C207 / A207 се заснова на W204 C-Class платформата.[3]

Петтата генерација (W213, 2016-претставен)

Thumb
Mercedes-Benz E 200 (Сингапур, W 213)

Петтата генерација Е-класа беше претставена на 2016 година на Северноамериканското интернационално шоу.[4] Следната генерација на Е-класа има дизајнерски знаци од поголемите W222 S-класа и помалата W-Class C-Class .[5]

Remove ads

Производство и продажба

Повеќе информации Календарска година, Производство (седан / имот / купе / кабриолет) ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads