Месен Меѓуѕвезден Облак
меѓуѕвезден облак во Млечниот Пат From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен Меѓуѕвезден Облак или ММО (англиски: Local Interstellar Cloud, LIC) — меѓуѕвезден облак со големина од околу 30 сг (9,2 пс) низ кој се движи Сончевиот Систем. Непознато е дали Сонцето се наоѓа во самиот Месен Меѓуѕвезден Облак, или во подрачјето каде Месниот Меѓуѕвезден Облак замодејствува со соседниот G-облак.[2] Како G-облакот и други, ММО е дел од т.н. „многу месна меѓуѕвездена средина“ која почнува онаму каде завршуваат хелиосферата и меѓупланетарната средина[3] — најдалечното место до кое имаат стасано сондите.

Remove ads
Структура
Сончевиот Систем е сместен во структурата наречена Месен Меур, малогустинско подрачје на галактичката меѓуѕвездена средина.[4] Во ова подрачје е Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), каде подрачјето е малку побогато со водород. Се проценува дека Сончевиот Систем има невлезено во ММО во изминатите 10.000 години.[5] Неизвесно е дали Сонцето сè уште е во ММО или има навлезено во преодната зона меѓу ММО и G-облакот.[2][5][6] Со анализа е проценето дека Сонцето целосно ќе излезе од ММО за највеќе 1900 години.[7]
Облакот има температура од приближно 7.000 K (6.730 °C),[8] иста како површината на Сонцето. Меѓутоа, неговиот специфичен топлински капацитет е многу низок бидејќи не е многу густ (0,3 атоми/см3). Оваа густина е под просекот за меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5/см3), иако шестпати погуста од гасот во врелиот и малогустински Месен Меур (0,05/см3) кој го опкружува месниот облак.[4][9] За споредба, Земјината атмосфера на работ на вселената има 1,2×1013 молекули на кубен сантиметар, кои се намалуваат на 50 милиони (5,0×107) на 450 км.[10] Поради оваа слаба густина, подрачјето можеби подобро би се претставило како празнина отколку како облак.
Облакот тече нанадвор од здружението Скорпија-Кентаур, ѕвездено здружение кое е ѕвездородно подрачје,[11][12] приближно нормално на правецот на самото Сонце, претпоставувајќи дводимензионалност.
Во 2019 г. истражувачите нашле меѓуѕвездено железо-60 (60Fe) на Антарктикот, кое го поврзуваат со Месниот Меѓуѕвезден Облак.[13]
Remove ads
Содејство со Сончевото магнетно поле
Во 2009 г. податоците од сондата „Војаџер 2“ покажале дека магнетната јачина на месната меѓуѕвездена средина е многу поголема отколку што се очекувало (370 до 550 пикотесли (pT), наспроти претходните проценки од 180 до 250 pT). Фактот што Месниот Меѓуѕвезден Облак е силно магнетизиран би го објаснил неговиот досегашен опстанок и покрај притисоците од ветровите кои го имаат оддувано Месниот Меур.[14]
Потенцијалните ефекти на Месниот Меѓуѕвезден Облак врз Земјата во голема мера се намалени благодарение на сончевиот ветар и Сончевото магнетно поле.[8] Ова заемодејство со хелиосферата се проучува од Истражувачот на меѓуѕвездените граници (IBEX), сателит на НАСА кој ги исцртува границите меѓу Сончевиот Систем и меѓуѕвездениот простор.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads