Метаболна ацидоза

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Метаболна ацидоза е сериозно нарушување на електролитната рамнотежа кое се карактеризира со нарушување во ацидо-базната рамнотежа. Три главни причинители се: зголемено создавање на киселина, губиток на бикарбонати, и намалена способност на бубрезите да го излачуваат вишокот на киселина.[1] Метаболната ацидоза може да доведе до ацидемија, која е дефинирана како pH на артериската крв која е пониска од 7.35.[2]

Акутна метаболна ацидоза, која трае од неколку минути до неколку дена, често се јавува при потешки заболувања или хоспитализации, и претежно е предизвикана од прекумерно создавање на органски киселини од страна на организмот (кетокиселини при кетоацидоза, или млечна киселина при лактатна ацидоза). Состојбата на хронична метаболна ацидоза, која трае од неколку неделу до години, може да биде предизвикана од нарушена бубрежна функција (хронична бубрежна болест) и/или губење на бикарбонати. Последиците од акутната наспрема хроничната метаболна ацидоза исто така се разликуваат, при што акутната метаболна ацидоза влијае врз кардиоваскуларниот систем, а хроничната влијае на мускулите, коските, бубрезите и кардиоваскуларниот систем.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads