Микротелефонска комбинација
појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Микротелефонска комбинација или слушалка[1] – составен дел на телефон што корисникот го држи в рака за време на телефонски повик. Во почетокот на телефонијата, корисникот зборувал пред уредот на кој бил инсталирана микрофонот, а слушалката, која била поврзана со гајтан, ја принесувал до увото.



Микротелефонската комбинација (МТК) е составена од два дела: микрофон кој се поставува пред устата и слушалка која се поставува до увото.
До појавата на безжичните телефони, МТК била споена со телефонскиот апарат со „спирален гајтан“. Со еволуцијата на електрониката и дигиталните техники, телефоните стануваат безжични. МТК (или повеќе МТК) со редуцирана големина комуницираат преку УВФ или ВВФ радиобранови со базата која е поврзана на телефонска линија во домот на корисникот.
Remove ads
Симбол за МТК
Графички симбол што означува МТК се користи на безжични и мобилни телефони за да означи воспоставување или завршување на телефонски повик. Вообичаено, копче со зелена исправена (исклучена виљушка) е икона за започнување повик, а црвена МТК (на виљушка
се користи за завршување на повикот.[2]
Уникод содржи код за симбол кој ја претставува МТК. Кодот и симболот се U+1F4DE 📞 .
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads