Милиција на Крушевската Република

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Милиција на Крушевската Република — орган задолѓен за безбедноста и редот во прогласената востаничка република. Таа се состоела од четири милиционерски станици и потстаници, а била во надлежност на Привремената влада, односно под јурисдикција на Христо Ќуркчиев кои бил избран за градоначалник и одговорен за полиција [1].

Формирање

Доброволци

Thumb
Христо Ќуркчиев, градоначалник и одговорен за милицијата

Милицијата била формирана веднаш по донесувањето на одлуката од страна на владата. Набргу пред грчкото учлиште кое било седиште на владата, пред Христо Ќуркчиев[2] се собрале голем број на доброволци. Отука се јавил проблем бидејќи не можеле да ги примат сите. Најголемиот дел од доброволците биле од влашките мала на Крушево. Затоа било донесено компромисно решение, на помладите им било препорачано да стапат во IX Четнички одред под команда на потпоручникот Тодор Христов, а од другиот дел била формирана градската милиција.

Началници

За началници на милицијата биле поставени:

Коле Чкарна
Гушу Јота
Љаску Пренда
Гушу Абаџија
Тега Бурек
Ванчу Моцан
Гаги Качујан
Кола Бојаџија
Тома Чолаку
Лаќу Кушора
Коста Фетаџока
Remove ads

Воружување и организација

Поради недостаток од пушки, целата милиција не била вооружена со ова оружје, затоа дел од милиционерите биле снабдени со револвери и стапови. Милицијата била поделена на 18 групи од по осум до десет души на чело со посочените началници.

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads