Минбер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Минбер
Remove ads

Минбер — простор во џамијата каде имамот (водачот на молитвата) стои за време на хутбата.

Thumb
Минбар од отоманскиот период на џамијата Мола Челеби во Истанбул.

Функција на минберот

Thumb
Минбер во Ортаќој-џамијата во Истанбул

По својата функционалност, минберот во целост е говорница. Како што е пракса и кај класичните говорници, минберот е издигнато место за да обезбеди говорникот јасно да се слуша во целиот простор на џамијата. Исто така, неговата висина придонесува на видливоста на предавачот од страна на слушачот.

Изглед на минберот

Минберот обично е во облик на мала кула со скали кои водат до неа. Често е преполн со орнаменти и богато украсен. Првобитните минбери биле обични дрвени подножја со 3 скалила, но со време станал составен знак на исламската архитектонска препознатливост. Денешните минбери во Босна и Херцеговина имаат 12 скалила, што одговара на турската традиција.

Позиција на минберот

Минберот е позиционира десно од михработ, место кое го означува правецот на молитвата, т.е. правецот на Ќабата кон која се вртат муслиманите при молитва. Исто така, обичај е и минберот да биде свртен во правец на Ќабата.

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads