Минеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Минеј[1] („месечник“) — богослужбена книга во која се содржат текстовите на молитвословија од празниците на неподвижниот годишен богослужбен круг. Постојат месечен, празничен и општ минеј.


Видови минеи
Месечен минеј
Месечниот минеј ги содржи службите од светителите/празниците во еден од дванаесетте месеци.
Општ минеј
Општиот минеј ги содржи службите посветени на определен тип на светител (на пр. на маченик, на преподобен, на апостол...) и определува кога се извршува богослужбата во спомен на светиот за кого не е напишана одделна служба.
Празничен минеј
Празничниот минеј ги содржи службите на големите Господови празници и на уште неколку други.
Remove ads
Познати минеи
Познати македонски минеи се:
- Стојков празничен минеј
- Прилепски Никифоров минеј
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads