Минстер

град во Северна Рајна-Вестфалија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Минстерmap
Remove ads

Минстер (германски: Münster) — град во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, Германија.[2]

Кратки факти Земја ...
Remove ads

Историја

Градот Минстер е основан од страна на мисионерот Лудгер, кога Карло Велики го пратил да ги крсти Фризите и Саксонците. Во 793 г. Минстерската епископија во 799 г. ја прогласил папата Лав III, а Лудгер во 805 г.] бил првиот епископ. Минстер бил еден од водечките градови на Ханзеатскиот сојуз. За време на регормациите, во Минстер анабапистите ја презеле власта во побуна наречена Минстерско востание (1534-1535). Анабапистите по преземањето на власта ги запалиле сите книги, освен Библијата, но нивната власт траела само една година. Во Минстер и во Оснабрик во 1648 г. бил потпишан Вестфалскиот мир, со кој е ставено крај на триесетгодишната војна. Со Минстер и државата со векови владееле спископи сè до 1803 г. Тоа била најголемата црковна територија во Светото Римско Царство. Од 1815 до 1946 г. Мистер бил рпестолнина на пруската покраина Вестфалија. Во сојузничкото бомбардирање во 1944 и 1945 г. било уништено околу 63% од градот. Стариот град е униште во втората светска војна (91% од градот), но бил обновен во 1950-тите години.

Remove ads

Географски и демографски податоци

Thumb
Положбата на Минстер во округот

Градот се наоѓа на надморска височина од 60 метри. Површината на општината изнесува 302,9 км2. Во самиот град, според проценките од пописот од 2010 г. живееле 275.543 жители. Просечната густина на населението изнесува 910 жит/км2. Има регионална шифра(AGS) 5515000, NUTS (DEA33) и LOCODE (DE MSR) код.

Знаменитости

Во Минстер денес постојат 8 универзитети и високи училишта, како и провинциски судови. Градот е познат и по големата употреба на велосипеди.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads