Миксобактерија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Миксобактерија
Remove ads

Миксобактериите (Myxobacteria) се група на пупечки лизгачки бактерии кои сочинуваат единствен ред во групата на делта протеобактериите. Тие поседуваат уникатен тип на лизгачко движење. Вегетативните клетки се движат (лизгаат) заедно во вид на рој, а потоа се агрегираат и формираат многуклеточно плодно тело во кое се развиваат спорите. Миксобактериите имаат најсложено однесување и најсложен животен циклус од сите познати прокариоти. Тие се жители на почвата. Овие бактерии, заедно со лигавите мувли од еукариотите, се пример за паралелна (конвергентна) еволуција, бидејќи имаат слични животни циклуси во почвената средина.

Кратки факти Миксобактерии, Научна класификација ...
Remove ads

Основни одлики

Вегетативните клетки на миксобактериите се типични Грам-негативни стапчиња кои се лизгаат по супстрат од типот на листови во распаѓање или животински измет, или, пак, колонии на други бактерии. Тие ги добиваат своите хранливи материи од супстратот, лизгајќи се по него и притоа оставајќи лигава трага која ја следат други миксобактерии. Доколку се потрошат хранливите извори, клетките испраќаат меѓусебен сигнал за агрегација, при што формираат рој од миксобактерии кои се преобразуваат во многуклеточно плодно тело кое содржи миксоспори, вид на дормантни (спиечки) клетки добиени од диференцирана вегетативна клетка. Кај видот Stigmatella, миксоспорите се спакувани во секундарни структури наречени цисти, кои се развиваат на врвот на плодното тело. Светлообоените плодни тела на миксобактериите (кои содржат милиони клетки и спори) може да се забележат и со голо око на листови во фаза на распаѓање или животински измет.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads