Мишлибушки Округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мишлибушки Округ (полски: powiat myśliborski) — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Мишлибуж, сместен на 57 км од војводското седиште Шчеќин. Други градови во округот се Барлинек на 24 км источно и Дембно на 25 км југозападно од Мишлибуж.
Округот зафаќа површина од 1.182,4 км2 и во 2019 г. имал 65.638[ жители.[1] Уделот на градско население изнесува 59,1 %.
Remove ads
Соседни места
Мишлибушкиот Округ се граничи со Грифинскиот Округ на северозапад, Пижичкиот и Старгарскиот на север, Хошченскиот на североисток, Стшелечко-дрезденечкиот на исток и Гожувскиот на југоисток. На крајниот југозапад се граничи со Германија (округот Меркиш-Одерланд).
Административна поделба
Округот се дели на пет општини од кои две се селски, а три градско-селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.[2]
Општина | Вид | Површина (км2) |
Население (2016) |
Седиште |
Дембно | градско-селска | 318,78 | 20.879 | Дембно |
Мишлибуж | градско-селска | 328,33 | 20.251 | Мишлибуж |
Барлинек | градско-селска | 258,77 | 19.449 | Барлинек |
Новогрудек Поморски | селска | 146,15 | 3.382 | Новогрудек Поморски |
Болешковице | селска | 129,92 | 2.902 | Болешковице |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads