Миљо Чешме

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Миљо Чешме или Пајнчариархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Стругово. Претставува некропола од раната антика. Се наоѓа на 1,6 км северозападно од селото, каде на простор обраснат со дабова и лескова шума јасно се оцртуваат контурите на повеќе гробови. Според кажувањето на месен жител од селото, во 1937 година тука биле извршени археолошки ископувања од страна на Буда Борисављевиќ кој бил археолог-аматер и притоа биле откриени повеќе гробови во кои имало белезици, прстени, монети и керамички садови - пајнци. На теренот јасно се оцртуваат сондите иако местото е обраснато со џбунови од леска. Растојанието меѓу гробовите е 3–4 м, а нивните контури укажуваат на насоченост исток-запад. Во еден од гробовите во 1937 година се ископувало само јадрото со цел да се извадат прилозите. Страните на гробот се формирани од крупни камења, рамно исклепани од внатрешната страна. Околу сондите има доста расфрлени камења од што се добива впечаток дека гробовите биле покриени со тумули од камен. Откриениот материјал, според кажувањето, бил однесен во Народниот музеј во Белград.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads