Младица
видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Младица (латински: Hucho hucho), позната како дунавски лосос или црвена рипка (германски: Rotfisch) — најголемиот предатор од родот на пастрмките (Salmonidae), со оглед на тоа што достигнува големина од скоро 2 метри и 50 килограми. Ретко го менува местото на своето живеење и претставува многу територијална риба. Тие имаат максимална должина од 2 метри и тежина до 50 килограми.
Remove ads
Распространетост
Младиците живеат исклучиво во чисти и студени води (реки и езера) од Дунавското сливно подрачје. На Балканот се среќава во Словенија (Крка, Сава, Соча, Идријца и др.), Босна и Херцеговина (Уна, Дрина, Лашва), Србија (Дрина, Ѓетиња, Нишава), Црна Гора (Тара, Лим, Плавско езеро). Нејзиниот близок роднина (Hucho taimen), може да се најде во Азија, пред се во Сибир и Монголија.[3][4]
Мрестење
Мрстењето се случува во периодот на март до април. Полно е зрела во 5-та година кога веќе достигнува должина од 50-60 см. Се мрести во плитка вода и полага од 10.000 до 25.000 икри.
Исхрана
Како најголема риба што се наоѓа во многу европски реки, младицата, како и многу други пастрмки, подлежи на онтогени промени како што старее. Помалите риби се хранат со ларви од водни инсекти или со инсекти фрлени во водата. Како што стареат, поголемите единки ловат други видови риби и мали 'рбетници. Од една студија во Словачка,[9] постарите единки фатени од рибари првенствено изгледа дека ловат шпирлин Alburnoides bipunctatus, клен Leuciscus cephalus, кафеава пастрмка Salmo trutta и мрена Barbus barbus.[5]
Главно се храни со риби и ракови, но додека е помлада, на менито и се наоѓаат и инсекти и црви. Не се храни секојдневно, а кога ќе се нахрани знае долго да мирува во подлабоките вирови каде што и најчесто пребива. Најчесто се храни ноќе.
Лов
Се лови на стримери кои неретко се подолги и од 15 см. Неопходна е трска посилна од #5 и типет не потенок од 0,20 см. доколку се претендира на трофеен примерок. На јадица е неверојатно борбена и силна, и знае да искокува од водата при борба. Нејзините бројни и остри заби со леснотија можат да го прекинат типетот. Младицата уште е позната и како “риба на 1000 зафрлања”, бидејќи тешко и ретко се лови. Најчесто се среќава во подлабоките делови на реките и неретко се лови во зимски денови или пак денови со нестабилно и лошо време, кога е и најактивна.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
