Многу висока честота

From Wikipedia, the free encyclopedia

Многу висока честота
Remove ads

Многу висока честота (VHF) — предназнака на МТУ[1] за појас на електромагнетниот спектар помеѓу 30 и 300 мегахерци (MHz), со бранова должина од десет до еден метар. Честотите кои се наоѓаат под VHF појасот се нарекуваат високи честоти (HF), додека честотите од повисокиот појас се познати како ултрависоки честоти (UHF).

Кратки факти Честотен опсег, Бранови должини ...
Thumb
VHF телевизиска антена се користи за прием на земска телевизија. Овие шест антени се од вид познат како јаги антени, кои се широко распространети за прием на многу високи честоти.

VHF радиобрановите се шират главно во линија на поглед и поради ова се блокирани од ридови и планини, иако поради атмосферското прекршување тие можат да стигнат и подалеку од видливиот хоризонт до околу 160 км. Радиобрановите од овој појас се употребуваат за Дигитална аудио радиодифузија (DAB), ФМ радио, телевизиска радиодифузија.

Во Македонија, како и најголем дел од светот нискиот и високиот VHF подпојас биле користени за емитување на аналогна телевизија. Како дел од процесот за премин кон дигитално емитување повеќето држави ги обврзуваат радиодифузерите да емитуваат телевизиски сигнал во VHF појасот користејќи дигитално, наспроти аналогно кодирање. Во Македонија, за пренос на дигиталниот земски сигнал се користи само повисокиот UHF појас, додека високиот VHF подпојас се користи за дигитална аудио радиодифузија. Средниот VHF подпојас се користи за ФМ радио.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads