Современи шаховски отворања

From Wikipedia, the free encyclopedia

Современи шаховски отворања
Remove ads

Современи шаховски отворања е шаховска книга од британските шахисти Ричард Грифит и Џон Херберт Вајт. Делото е посветено на развојот и подраблочувањето на анализите во различните шаховски отворања, а служи и како корисно референтно дело, со кое се служеле голем број на врвни шахисти. Британскиот шахист и арбитар, Хари Голембек, делото го нарекол:

„прво научно испитување на отворањата во дваесеттиот век.“[1]

Кратки факти Автор, Изворен наслов ...

Книгата е напишана на англиски јазик, а првото издание било издадено во 1911 година од страна на British Chess magazine. Оттогаш биле издадени 15 изданија на книгата.

Remove ads

Историја

Во времето кога било издадено првото издание на делото „Современи шаховски отворања“, поавторитетна книга било Билгеровото дело Handbuch des Schachspiels, кое за последен пат било издавано во периодот од 1912 до 1916 година, а веќе во 1930-тите години било старомодно. Популарноста на делото „Современи шаховски отворања“ била во постојан подем во првата половина на 20. век, а останала голема и во втората половина и на почетокот на 21. век. Во периодот од 1911 до 2008 година биле издадени 15 изданија на книгата. Првите изданија биле со многу мали димензии и бороеле реалативно мал број на страници[а], но со појавата на новите изданија, димензиите на книгата се зголемиле, а се зголемувал и бројот на страници. Така, 15. издание на книгата брои 768 страници. Страницата, обележана со xi од 15. издание го опишува делото како:

„стандардно дело за отворањата на англиски јазик, за речиси еден век“

Првите три изданија на книгата (од 1911, 1913 и 1916) биле дело на авторите, со помош околу воведот од страна на Хенри Ернест Еткинс. И идните изданија до околу 1946 година, биле уредувани од авторите, но со помош од страна на Филип Волсинган Сарџент и Морис Едвард Голдштајн, кои започнале да сортаботуваат околу издавањето на четвртото издание во 1925 година.

Во 1939 година, Рубен Фајн станал првиот велемајстор, кој започнал да работи на уредувањето на книгата. Фајн не бил во можност да работи на уредувањето на неколку последователни изданија, па во 1948 година го објавил делото „Практични шаховски отворања“. Но, Фајновото дело Практични шаховски отворања не било преработено и не било издадено во повеќе изданија, па така „Современи шаховски отворања“ останало најпопуларното референтно дело н англиски јазик, посветено на отворањата.

Почнувајќи од уредувањето на седмото, па сè до уредувањето на тринаесеттото дело, големи заслуги за уредувањето му се препишуваат на Валтер Корн, кој станал и уредник на осмото издание на делото во 1952 година. При уредувањето на неколку изданија, помошници на Корн му биле Џек Колинс, Лари Еванс и Ник де Фирмијан.

По 1980 година, се појавиле неколку дела за шаховските отворања, кои му конкурирале на делото, меѓу кои најпознати се: Батсфордови шаховски отворања во 1982 и 1989 година и Нанови шаховски отворања[б] во 1999 година. Меѓународниот мајстор Џон Вотсон запишал дека 13.издание на „Современи шаховски отворања“, „не е според современите очекувања“,[2], а за 14. издание рекол дека е„огромен напредок во однос на претходното 13. издание во секој поглед“, споредувајќи го со делото Нанови шаховски отворања.[3]

Последното 15. издание на делото било уредено од страна на Ник де Фирмијан.

Remove ads

Стил на пишување

Со постојаното уредување и објавувањето на секое ново издание, бил подобруван и стилот на пишување на книгата. Со проширувањето на содржината на делото по првото издание, бил зачуван логичкиот редослед на содржината.

Првите дванаесет изданија на книгата користеле описен запис за обележување на потезите, а почнувајќи од 13. издание и завршувајќи со последното 15. издание, потезите се обележани со употреба на алгебарски запис.

Remove ads

Список на изданија

Во продолжение се наведени сите изданија на делото, хронолошки подредени и придружени со информации за уредниците на делото и издавачката куќа, која го издала.

Повеќе информации Издание, Година ...

Белешки

  • а Првото издание на книгата броело 198 страници.
  • б Делото Нанови шаховски отворања е дело на англискиот велемајстор Џон Нан, по кого и било насловено.
  • в Иако автори на првото издание на делото се Ричард Грифит и Џон Херберт Вајт, при уредувањето на останатите изданија, учество земале и други уредници.

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads