Моклишко Езеро

урниско езеро во Тиквешко Мариово From Wikipedia, the free encyclopedia

Моклишко Езероmap
Remove ads

Моклишко Езеро — урниско езеро во Тиквешијата, сместено близина на месноста (и некогашно село) Моклиште, 3 км јужно од приградската населба Ваташа на Кавадарци. Езерото е настанато по природен пат со свлекување на огромни количини земја од ридот Градот.[1]

Кратки факти Моклишко Езеро, Координати ...

Езерото е едно од најмладите хидрографски објекти во Европа и е единствен пример за урниско езеро, настанато со уривање на една од долинските страни на Ваташка Река (месен назив на Луда Мара).[2]

Remove ads

Историја

Езерото настанало во 1956 година со урнување на ридот познат под името „Градот“, така што ја преградило долината на Бунарска Река во месноста Моклиште и таа е заезерена.[1]

Утрото на 5 септември 1956 година меѓу 6 и 7 часот додека се вршело меринизација на овците од Земјоделската задруга „Возарци“ во месноста Градот, при тектонско поместување на земјиштето, се одронил огромен комплекс на земјишна маса со камења, при што буквално бил затрупан и покриен простор во должина од 1.000 метри и ширина 400 метри. На одредени места натрупаната земја достигнувала и до 100 метри длабочина. Се проценува дека при оваа катастрофа се поместила земјишната маса од 12 до 15 милиони кубни метри. Во оваа несреќа животот го загубиле 11 луѓе и 1.200 овци.[3]

Remove ads

Брана

Преградата е со димензии 30-50 метри височина, а круната на браната изнесува 400 метри.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads