Молика
вид бор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Молика или македонски бор (науч. Pinus peuce)[2] — вид борово дрво што вирее по планините во Македонија. Може да се најде и во делови од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора[3] и во мали предели во Егејска Македонија[4], обично на (600-) 1.000-2.200 m надморска височина. Честопати ја достигнува алпската шумска граница во оваа област. Растат 35 - 40 m во височина, со пречник на трупот од 1,5 m. Како и да е, височината на дрвото значително се намалува кога е во горниот дел на или над шумската граница па може да има и големина на грмушка.
Меѓу боровите се класификува како „бел бор“ Pinus Strobus, и како и сите борови, листовите (игличките) стојат во фасцикли (снопови) од пет, со менлива обвивка. Долги се од 6 - 11 cm. Шишарките на моликата во должина се од 8 - 16 cm, а понекогаш достигнуваат и до 20 cm. Семињата се долги 6 - 7 mm со крилца од 2 cm кои можат летаат со ветрот, но нив најчесто ги разнесува птицата лешникарка.
Моликата е едно од највредните зимзелени дрвја на Балканскиот Полуостров. Нејзиното дрво е високо ценето во градежништвото, производството на мебел, резбањето и изработката на буриња. Ова дрво е исклучително добро во прилагодување на суровите планински климатски услови, што го прави особено соодветно на пошумување на висок терен за заштита од ерозија. Месното население ја користи смолата од моликите за да лечи рани, за лекување на зарази на белите дробови, кожата и стомакот, прошитени вени и други заболувања.
Моликата е исто така позната и како украсно дрво во паркови и големи градини, даваќи му постојан но не многу брз раст на широк опсег на области. Многу е изржливо на суров зимски студ, отпорен дури и до -45 °C и изложеност на ветер. Моликата е натурализирана во Пункахарју во источна Финска.
Како и други европски и азиски бели борови, моликата е мошне отпорна на габичното заболување Cronartium ribicola. Заболувањео било случајно пренесено во Северна Америка, каде направило пустош по автохтоните северноамерикански бели борови (на пр. Вејмутов бор, шеќерен бор, белокорест бор) во многу области. Моликата е од големо значење во истражувањата за вкрстување и генетска модификација за создавање на отпорност од габи кај овие дрва.
Моликата е популарно украсно дрво по паркови и големи градини, давајќи постојан и бавен раст на најразлични терени. Многу е отпорна на големи студови, најмалку до -45 °C, како и на ветер.
Remove ads
Пелистер

Моликата е симбол на националниот парк Пелистер на планината Баба кај Битола, Република Македонија. Таму моликовите шуми се издвоени во две заедници: моликови шуми со папрат (Pteridio pinetum peucis) и моликови шуми со боровинка (Murtila Pinetum peuces).
На 2 јули 1839 година, познатиот ботаничар Август Гризебах, на падините на Пелистер ја открил моликата, ја класифицирал како специфичен растителен вид, карактеристичен за Балканот, најкомпактно застапен на Пелистер.[5]
Во Бугарија може да се најде во шумите на Рила, Пирин, Западни Родопи, Средна Стара планина, Славјанка и Витоша, при надморска височина од 1.400 до 2.100 метри. Во Пирин Молика зазема 23.4% од зашумена површина на паркот.[6]
- Култивиран примерок, Берлински Ботанички градини
- Игли и шишарки
- Млада женска шишаркаYoung female cone
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads