Момина солза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Момина солза (Convallaria majalis) или ѓурѓовденче — единствен вид од родот Convallaria. Цвета во мај. Има ѕвонести цветови. Сите делови од растението се отровни. Таа е лековито растение и се користи за лекување на срцеви болести. Околу 38 различни срцеви гликозиди се пронајдени во момината солза, меѓу кои и: конваларин, конваламарин, конвалатоксин и др.
Remove ads
Распространетост
Момина солза живее во Европа, но не на Средоземјето ниту крај Атлантикот.[1] Постои источна варијанта, (manschurica) што расте во Јапонија и во делови од источна Азија. Исто така во ограничен број, ова растение го има иво источниот дел од САД, познато како варијанта монтана.[2] Постои несогласување околу тоа дали ова растение е навистина ендемско во САД или е донесено.[3]
Легенди и традиции


Христијанска легенда
Во Македонија ова растение се нарекува Момина солза, но постои легенда според која се нарекува и Солзите на Марија. Христијанската легенда го поврзува настанокот на ова цвеќе со солзите на Богородица Марија што ги исплакала за време на распетието Христово. Според некои толкувачи на легендите, ова се солзите на Ева што ги исплакала откако со Адам биле избркани од Еденската градина.[4]
Англиското име на ова цвеќе „Крин од долината“ (lily of the valley) е употребено во некои преводи на Библијата, во песна над песните 2:1, но хебрејскиот израз shoshannat-ha-amaqim во оригиналниот текст (буквално значи крин од долината) не се однесува на овој вид растение.
Симбол е на понизност и скормност во религиозното сликарство, но исто така го означува и Второто пришествие на Христос.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads