Моногамија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Моногамија
Remove ads

Моногамијата претставува состојба на имање на само еден сексуален партнер во определен или долгорочен временски период.

Thumb
Бронзена скулптура на брачен пар Кашуби, со која се слави нивната моногамна врска. Гдиња, Полска

Постојат неколку видови на моногамија:

  • Социјална моногамија: кога две лица живеат заедно, имаат само меѓусебен секс, и соработуваат во обезбедувањето на основните ресурси за живеење;
  • Сексуална моногамија: кога две лице, за време додека се заедно, имаат полов однос само со партнерот, т.е. не практикуваат секс надвор од врската;
  • Генетска моногамија: кога двајца партнери имаат потомство само од еден партнер;
  • Брачна моногамија: се однесува на брак само помеѓу два брачни партнери.

7% од животинскиот свет е моногамен. Тоа значи дека имаат само еден сексуален партнер во текот на целиот живот или за време на една сезона за парење. Кај овие вторите, тоа значи дека во текот на ниедна наредна сезона, двете единки нема повторно да се парат заедно.

За разлика од останатите животни, кај птиците моногамијата е цели 90%. Постојат видови на птици кои во текот на целиот живот имаат само еден партнер.

Моногамијата кај човековата популација изнесува некаде помеѓу 60 и 65%. Моногамијата кај човекот значи немање други сексуални партнери освен партнерот со кој е во врска, додека таа трае. Брачната моногамија може да се разбере на два начина: правниот - имање брак само со еден партнер, а бидејќи социјалната моногамија ја опфаќа и брачната, од друга страна значи и/или немање на друг/и сексуални партнер/и во текот на бракот.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads