Мончегорск
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мончегорск (Мончегорск) е градот кој се наоѓа на крајниот северозапад, европски дел на Русија. Сместен е во централниот дел на Мурманската област и административно припаѓа на мончегорскиот градски округ, кој исто така е административен. Според проценките на Националната статистичка служба на Русија за 2016 година, градот имал 42.893 жители, а според бројот на населението Мончегорск е четвртиot по големина град во регионот Мурманск (после Мурманск, Апатити и Североморск).

Remove ads
Географија
Градот Мончегорск се наоѓа во централниот дел на Мурманската област и лежи на местото каде што во северното подножје монхетундра, се спушта кон езерото Имандра. Градот се наоѓа во рамките на Северниот Поларник и се наоѓа на околу 115 километри оддалечен јужно од административниот центар на регионот Мурманск. Реката Монча тече низ градот, според што го добила своето име.
Поради интензивна рударска активност, пошироката област околу градот до крајот на XX век била претворена во еден вид техногена пустош, но во последно време еколошката слика во градот се менува. Соодветни филтри се инсталирани на фабричките оџаци и одводи на отпадни води, а се врши интензивно пошумување на областите каде што е расчистена шумата.
Градот е поврзан со железница со станицата во Оленегорска, а нешто позападно проаѓа и траса на националниот автопат „Кола” кој Мурманск го поврзува со Санкт Петербург.
Remove ads
Историја

Мончегорск се развил од работничкото население, формиан е во 1935 година, во близина на големите рудници со бакар и никeл, и заради големата економска важност на 20 септември 1937 година, добива званичен статус на град. Во периодот од 1938−1949 година градот бил седиште на Мончегорскиот реон, бил под директна администрација на регионалната влада по укинувањето на општинскиот регион. Од 2004 година, градот е седиште на Мончегорскиот градски округ.
Remove ads
Демографија
Према подаците од пописот на населението од 2010 година, во градот живеело 45.361 житела, додека според проценките на националната статистичке служба за 2016 година градот имал 42.893 жители.[1]
По бројот на жителите Мончегорск во 2016 година се наоѓал на 364 место од 1.112 званични градови во Русија.
Привреда
Мончегорски е еден од најважните центри за производство и преработка никел и бакар, а најзначаен економски објект во градот е компанијата „Нориљски никел“, која управува со рудниците и топилниците во градот. На околу 3 километри од градот се наоѓа воздушната база на Руската авијација.
Партнерски градови
Град Мончегорск има потпишани уговори за национална соработка со следните места:[2]
Поврзано
- Списак градова у Русији
- Мурманска област
- Мончегорски градски округ
- Монча
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
