Мрежна страница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мрежна страница
Remove ads

Мрежна страница (или „веб-страница“, од англиски: web page) е специфична колекција на информации обезбедени од мрежно место и прикажана на корисник во прелистувач. Мрежното место вообичаено се состои од повеќе мрежни страници поврзани заедно на разбирлив начин. Името „мрежна страница“ е метафора за хартиени страници поврзани заедно во книга.

Thumb
Почетна страница на мрежното место usap.gov

Елементи

Основниот елемент на мрежна страница е еден или повеќе текстуални документи напишани во HTML.[1] Многу мрежни страници исто така користат JavaScript код за динамички приказ и Cascading Style Sheets (CSS) код за презентациско значење.[1] Фотографии, видеа и други мултимедијални документи се исто така вметнати во мрежните страници.

Навигација

Секоја мрежна страница е определена од посебен URL. Кога корисникот внесува URL во неговиот прелистувач, елементите на таа мрежна страница се преземаат од мрежен опслужувач. Прелистувачот тогаш ги прикажува сите елементи во интерактивен визуелен приказ на корисничкиот уред.[2]

Ако корисникот кликне или допре врска до друга страница, прелистувачот го повторува овој процес за да ја прикаже новата страница, која може да биде дел од моменталното мрежно место или некое различно.

Remove ads

Развивање

Од гледна точка на развој на мрежно место од серверска страна, постојат два вида на мрежни страници: статични и динамични. Статичните страници се вчитуваат од податотечниот систем на мрежниот опслужувач без никакви промени,[3] додека динамичните страници мора да бидат создадени од мрежниот опслужувач непосредно, вообичаено црпејќи од база на податоци за да пополни мрежна предлошка, пред да ги испрати до корисничкиот прелистувач.[4]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads