Мрежница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мрежница
Remove ads

Мрежница или ретина[1] — внатрешна опна на очното јаболко што ги прима светлосните дразби.[2]

Кратки факти Мрежница или ретина, Податоци ...

Оптиката на окото создава слика на визуелниот свет на мрежницата слично како филм во фотоапарат (превртена и смалена слика). Во мрежницата се создаваат хемиски и електрични настани со чија помош се придвижуваат нервните импулси кои се испраќаат во разни оптички центри во мозокот преку очниот нерв.

Мрежницата е комплексна, слоевита структура која е изградена од неколку слоја неврони поврзани со синапси.

Единствени неврони кои се директно осетливи на светлина се ќелиите на фоторецепторите:

  • Стапчиња, ги има околу 90 милиони[3] и служат за снаоѓање во мрак.
  • Чунчиња, ги има околу 4,5 милиони[3] и служат за снаоѓање дење.

Ганглиските ќелии се ретки и се важни за рефлексивни „одѕивања“ на многу јако светло. Единствениот дел на мрежницата на кој не се наоѓаат фоторецепторски ќелии се вика слепа точка. Тоа е местото каде се спојуваат ќелиите и формираат очен нерв.

За разлика од камерата, мрежницата не ги испраќа едноставно сликите во мозокот. Таа просторно ги компресира за да одговараат на ограничената големина на оптичкиот живец.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads