Мусомишта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мусомишта (службено од 2016 година: Мосомиште, бугарски: Мосомище[1]) ― село во Општина Неврокоп.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Мусомишта се наоѓа на источното подножје на Пирин планина, на надморска височина од 513 метри. Од градот Неврокоп е оддалечено 2.8 километри јужно.
На источната страна од селото се наоѓа канал којшто оди северно од Градската река во Неврокоп, која потоа се влева во реката Места.
Историја
Во 1889 година Стефан Верковиќ го опишал Мусомиште како село со 75 бугарски и 18 турски куќи.[2]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа површина од 32.9км². Целата источна страна од него е обработливо земјиште, додека повисоките предели се под пасишта и шуми.[3]
Демографија
Во Мусомишта во 2013 година 2 258 жители. Голем дел од жителите се Македонци, кои потекнуваат од Егејска Македонија, некои се доселиле во 1912 година, а други биле донесени тука по познатата размена на населенија меѓу Бугарија и Грција во 1925 година.[4]
Според пописот од 2021 година, селото имало 1,962 жители, со густина на населеност од 59.7 луѓе на километар квадратен.
Во пописот од 2011 година имало 2,107 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.67%.[5]
Remove ads
Општествени установи
На 800 метри над селото се наоѓа црквата Света Троица. Во центарот работи и основно училиште, именувано како ОУ„Христо Ботев“.
Самоуправа и политика
Поштенски код на селото е 2920.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads