НБА Руки на годината
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
НБА Руки на годината е годишна награда во НБА која се доделува на најдобриот руки играч во регуларниот дел од сезоната. Добитникот на наградата, добива трофеј познат по името Еди Готлиб трофеј наречен по Еди Готлиб - тренерот кој ја предводел екипата на Филаделфија Вориорс до титулата во првата НБА сезона (1946-1947) во историјата на лигата. Наградата се доделува од сезоната 1952-1953.
Последниот добитник на наградата е Лука Дончиќ. Дваесет и еден играч од победниците биле први пикови на драфтот. Шеснаесет победници исто така ја освоиле и наградата Најкорисен играч во НБА (МВП) во нивните кариери; а само Вилт Чембрлен и Вес Анселд ги добиле и двете почести во истата сезона. Деветнаесет од четириесет и двајцата неактивни победници се избрани во Кошаркарската куќа на славните. Три сезони имале два добитника кој ја поделиле наградата - Дејв Кауенс и Џеф Петри во сезоната 1970-1971, Грант Хил и Џејсон Кид во сезоната 1994-1995, и Елтон Бренд и Стив Френсис во сезоната 1999–2000.[1] Петмина играчи ја освоиле наградата едногласно (со добивање на сите гласови од првото место) - Ралф Сампсон, Дејвид Робинсон, Блејк Грифин, Демијан Лилард, и Карл-Ентони Таунс.[2]
Remove ads
Победници










Remove ads
Освоени награди по клубови
Remove ads
Нотес
- Иако бил драфтуван во 1962 година од Синсинати Ројалс, Џери Лукас не потпишал со тимот до 1963 година кога се обидел да потпише со Кливленд Пајперс клуб од Американската кошаркарска лига (АБА). Тој ја завршил сезоната без да игра откако договорот пропаднал. Неговата дебитантска сезона со Ројалс започнала во сезоната 1963–1964.[3]
- Означува сезони во кои два победника ја поделиле наградата
- Иако бил драфтуван во 2009 година од страна на Лос Анџелес Клиперс, Блејк Грифин ја пропуштил целата НБА сезона 2009-2010 поради повреда на коленото. Неговата руки сезона со Клиперс била сезоната 2010-2011.[7]
- Иако бил драфтуван во 2016 година од страна на Филаделфија Севентисиксерс, Бен Симонс ја пропуштил целата НБА сезона 2016-2017 поради скршеница на десната нога. Неговата руки сезона со Сиксерс била сезоната 2017-2018.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads