Нае (Рајна)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нае (германски: Nahe) — река во Рајнска област-Пфалц и Сар, Германија, лева притока на Рајна. Таа, исто така, ѝ го дала и името на винската област Нае, која се наоѓа околу неа.
За други значења на поимот, погл. Нае.
Името Нае е изведено од латинскиот збор Nava, кој е врз основа на келтското потекло за дива река. Нае го дели северниот дел на Пфалц од Хунсрик.
Таа извира во областа на Нофелден (Сар), течејќи низ Рајнска област-Пфалц и се приклучува на реката Рајна во Бинген. Нејзината должина е 116 километри. Градови низ кои Нае тече се Идар-Оберштајн, Кирн, Бад Кројцнах и Бинген.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads