Наковална (коска)

ковче во средното уво From Wikipedia, the free encyclopedia

Наковална (коска)
Remove ads

Наковалната (латински: incus) претставува мало ковче што се наоѓа во тапанската празнина на средното уво.

Кратки факти Наковална, Податоци ...

Делови

На наковалната се разликуваат:

  • тело;
  • горна гранка;
  • долна гранка.

Поврзувања

Наковалната се поврзува со чеканчето на горната страна, а на долната страна се поврзува со стременот;

  • слушните ковчиња се поврзуваат со цел да ги засилат примените бранови од слушното тапанче.

Слушен апарат

Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:

  • звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
  • ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
  • треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
  • треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
  • откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads