Наковална (алатка)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Наковална (алатка)
Remove ads

Наковалнажелезна подлошка на која се коваат метални предмети.[1] Оваа прирачна алатка се состои од тежок масивен блок од метал. Се користи при обработка на предмети со помош на чекан или длето. ‎Наковалните ги користеле занаетчиите од доцниот неолитковачи кои обработувале метал, но биле користени и многу порано, првенствено за обработка на камен.‎

Thumb
Наковална

Видови наковални

Постојат различни видови наковални, во зависност од потребата на различните занаетчии. Типичната наковална на металците има рамно лице каде се обликува металот, помек заден дел за делкање и рог на предната страна за виткање на металот. Некои наковални имаат и опашка. Поголем дел наковални од последните два века имаат и под две дупки на лицето, кои служат за вметнување разен алат, а понекои и повеќе такви дупки за да се задоволи потребата од различни видови алатки.‎

Remove ads

Изглед

Типична наковална на металските работници со рог на врвот, била вообичаена глетка во ковачниците, но денес почесто се гледа по цртаните филмови, како на пример во Брзата Птица Итрица каде наковалната многу често многу често му паѓа на глава на Којотот Перо.

Thumb
Ковач обработува железо користејќи чекан и наковална

Наковалната често се спомнувала во древните грчки и ‎‎египетски списи, вклучувајќи ги и трудовите на Хомер (8 век ‎пред Христа). Наковалните биле усовршени во текот на средниот век кога обработката на ‎железо била вообичаена пракса. ‎

Remove ads

Наковални и музика

Наковалните се користеле како перкусионистички инструменти во неколку познати музички композиции, вклучувајќи ги Вердиевата Trovatore (1853), ‎Вагнеровата Das Rheingold (1854), тема од филмот Терминатор, и делови од Лили ‎‎(Lully). Постојат и барем две познати композиции со име Наковална полка, ‎една од Алберт Парлоу (Albert Parlow), а другата од Штраус (во која ‎перкусионистот традиционално носи кожна престилка на ковач).‎

Верувања

Наковалната имала посебен карактер на култен предмет. Постоело верување дека наковалната треба да ја исковаат девет ковачи, ноќе спроти сабота кога има полна Месечина. На наковалната се лепела свеќа и пред неа му се молело на Бога, а се кадела со темјан спроти големите празници. На наковална се вршеле заклетви. Со удар со чекан во наковална се истерувале злите сили, додека водата од наковалните се сметала за лековита. Постоело верување дека секој ковач треба барем еднаш годишно да чукне со чеканот на наковалната за да го обнови синџирот со кој е врзан ѓаволот. Најчесто тоа се правело пред Божик.

Remove ads

Изрази

Меѓу чеканот и наковалната - во тешка положба, меѓу две опасности.[1]

Поговорки

  • Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната.[2]
  • Ако сте наковална, бидете трпеливи; ако сте еден чекан, удрете силно.[3]
  • Скап е чеканот кој одмора на наковалната.[4]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads