Намака (месечина)

месечина на џуџестата планета Хаумеја From Wikipedia, the free encyclopedia

Намака (месечина)
Remove ads

Намака (хавајски: Namaka) — помалата внатрешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по морската божица Намака, една од ќерките на Хаумеја.

Кратки факти Откривање, Откривач ...
Remove ads

Откривање

Месечината е откриена на 30 јуни 2005 г., а откритието е објавено на 29 ноември истата година.[4] Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Блицен“, по еден од елените на Дедо Мраз.

Физички особености

Намака има сјајност само 1,5 % од онаа на матична џуџеста планета Хаумеја[5] и околу 0,05 % од нејзината маса. Ако албедото е слично, тогаш месечината би имала пречник од 170 км.[2] Фотометриските набљудувања укажуваат дека површината ѝ е сочинета од замрзната вода.[5]

Поврзано

  • Хаумеини месечини

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads