Нанајци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Нанајцитетунгуски народ од Источна Азија и на рускиот Далечен Исток, кои традиционално живееле покрај Хејлунѓанг (Амур), Сонгуаѓанг (Сунгари) и реката Усури[1] на средноамурскиот слив. Предците на Нанајците биле Јурченците од најсеверната Манџурија (Надворешна Манџурија).

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...

Нанајскиот/Хежескиот јазик припаѓа на манџурско-тунгуските јазици. Според пописот во 2010 година во Русија имало 12.003 Нанајци.

Remove ads

Име

Thumb
Нанајско семејсто, амурски регион.

Заедничките имиња за овој народ вклучуваат нанај (што значи „домородци, месни жители, луѓе на земјата“); самоознаката Хежен (значи „луѓе од истокот/ориентот“); руски: нанайцы нанајци; кинески: 赫哲族 ; хежезу. Постојат и поими што порано биле користени: Голдци (Голдс), Голдесци (Голдес), Голди, Хеџесци (Хеџе) и Самагирци (Самагир).

Сопствените имиња се килен (нанјо и набеј) и хеџен (нанај).[4] на значи „земја“ или, во овој контекст, „домороден, месен“ и нјо, беј, нај значи „народ“ на различни дијалекти.

Рускиот лингвист Л. И. Сем го дава самодаденото име хеџен во кириличен облик, хэǯэ най (Хеџе нај) или хэǯэны (Хеџени) и го објаснува како самодадено име на Нанајците од долниот Амур, што значи „луѓе кои живеат долж долниот тек на реката“.[5] Тоа е изворот на кинеското име за 黑斤 (Хејџин), 赫哲哈喇 (Хежехала), како и современото кинеско име 赫哲 (Хеже).

Remove ads

Современо население

Русија

Во Русија, Нанајците живеат до Охотското Море, на реката Амур, низводно од Хабаровск, од двете страни на Комсомолск на Амур, како и на бреговите на реките Усури и Гирин (Самагирс). Русите порано ги нарекувале Голди, според името на еден нанајски клан. Според пописот во 2002 година, во Русија имало 12.160 Нанајци.

Во Советскиот Сојуз, напишан стандард на нанајскиот јазик (заснован на кирилица) бил создаден од Валентин Аврорин и други. И денес се учи во 13 училишта во Хабаровск.

Кина

Нанајците се едни од 56-те народносни групи службено признати од НР Кина каде се познати како „Хежејци“ (кинески: 赫哲族 Хеже зу). Според пописот од 2004 година, тие во Кина броеле 4.640 (претежно во покраината Хејлунѓанг). Кинеските Нанајци го зборуваат хежејскиот дијалект на нанајскиот. Тие исто така имаат богата усна книжевност позната како Јимакан.[6] Дијалектот нема пишан систем во Кина и Нанајскиот обично е пишуван на кинеско писмо. (Писменост на втор јазик е 84%.) Меѓутоа, од 2005 година, наставниците неодамна завршиле со составувањето на веројатно првиот учебник по хеженски јазик.[7]

По покраина

Кинескиот попис во 2000 година запишал 4,640 Нанајци во Кина.

Покраинска распространетост на Нанајците
Повеќе информации Покраина, Нанајско население ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads