Напад на Перл Харбор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Напад на Перл Харборmap
Remove ads

Нападот на Перл Харбор или Операцијата Хаваи како што ја нарекувале во Царскиот јапонски генерал-штаб — ненадеен воен напад извршен од јапонската царска морнарица против воено-поморската база Перл Харбор на Хаваите (САД) утрото на 7 декември 1941 година. Нападот го означил преминот на САД од неутрална земја во Втората светска војна во инволвирана на страната на сојузниците. Целта на нападот била воено да се оневозможи Тихоокеанската флота на САД, за Јапонија да може непречено да ги води воените операции против Велика Британија и Холандија во Југозападна Азија. Нападот се состоел од два последователни воздушни брана од вкупно 360[6] авиони кои полетале од 6 јапонски носачи на авиони.

Кратки факти Нападот на Перл Харбор, Датум ...

Планот за напад е изработен летото 1941. Планирано било нападот да се изврши во Недела, кога вообичаено најмногу бродови се усидрени во пристаништето и кога војската со своите офицери е на копно на неделен одмор. Доцна Саботата на 6 Декември 1941, малку пред полноќ на полна месечина јапонските извидувачки авиони упатени од крстосувачите во претходница констатирале отсуство на американските носачи на авиони. Само 2 дена претходно дадена е наредба сите три американски носачи на авиони да се упатат безбедно во пристаништето на Сан Франциско заради редовен сервис. Истовремено стражата на бродовите била делумно засилена заради затегнатите односи со Јапонија.

Нападот е извршен во Недела, рано наутро додека американската војска сè уште спиела.

Првиот бран од нападот бил потполно изненадување. 189 јапонски авиони во темница за 30 минути направила пустош од американските бродови. Бомбардерите летале многу ниско и практично ја погодувале секоја цел. Авионите со торпеда пришле многу блиску до своите цели: бојните бродови, речиси сите исфрлени торпеда ја погодиле целта. Сите бојни бродови биле потопени во плиткиот залив. Притоа од вкупно 230 паркирани американски авиони, 63 биле оштетени на земја. Нанесени биле 90% од вкупните штети во нападот.

45 минути подоцна, во вториот бран од нападот долетале 171 јапонски авиони со тешки продорни бомби за да ги доуништат оштетените бојни бродови за да бидат практично непоправливи. Но сега веќе се разденило, а и противавионската одбрана на американските бродови веќе делувала. Јапонците биле оневозможени да пријдат блиску како во првиот напад, така што ги испуштиле бомбите од голема височина. Сепак неколку од нив ја погодиле целта. Во вториот дел од нападот нанесени биле само 10% од вкупните штети.

Нападот на Перл Харбор успеал во целост, бидејќи јапонците за само 90 минути колку што траела операцијата, целосно ја уништиле Тихоокеанската флота и предизвикале големи загуби во војска и делумно во инфраструктура кај САД. Нападот бил значајна пресвртница во Втората светска војна, бидејќи го променил јавното мислење и политиката во САД од изолационизам кон целосно прифаќање на учеството во војната.

Првичниот привиден успех на Јапонците бил голема политичка и стратегиска грешка. Подмолниот напад, без објава на војна имал негативен одек во политичкиот свет. Онсепособувањето на 8 застарени бојни бродови (6 од нив подоцна се поправени, а УСС Аризона денес е претворена во воен меморијален музеј) не можело да влијае врз исходот на војната, новите модерни бојни бродови, како и сите американски носачи на авиони останале надвор од дометот на јапонските бомбардери. Погрешен бил и тактичкиот дел од нападот: нагласено е уништување на флотата, пред сè на бојните бродови, додека сервисната служба, арсеналот за поправки, бродоградилиштето, магацините за гориво за бродовите и авионите, магацинот за оружје, пристаништето за подморници, зградата на командата со обавештајната служба, поштата, како и најважниот објект, термоелектраната останале негибнати.

Remove ads

Поврзано

Битка кај Мидвеј

Галерија

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads