Народно собрание на Бугарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Народното собрание е државен орган, што ја врши законодавната власт во Република Бугарија. Според Трновскиот устав во Бугарија има Обично народно собрание и Големо народно собрание, а потоа зборот „обично“ отпаѓа од името на органот.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Народното собрание е единствен законодавен орган во Република Бугарија. Собранието се формира со третата глава на бугарскиот устав од 1991 г. (од чл. 62 до чл. 91). Во Република Бугарија НС е врховен претставнички орган на државната власт, што ја претставува волјата на народот и неговиот суверенитет. Се состои од 240 народни пратеници, а Големото народно собрание од 400 пратеници избрани на општо, рамно и преку избирачко право со тајно гласање за рок од 4 г. Од својот состав се избира претседател на парламентот, заменик-претседател на парламентот и парламентарни комисии. Народното собрание е постојано-дејствувачки орган. Собранието ја врши законодавната власт и парламентарната контрола. Народното собрание ги донесува, изменува, дополнува и менува законите, го донесува државниот буџет, ги определува даноците и нивниот размер, донесува одлуки за распишување на национален референдум, избира премиер и по негови предлози Министерскиот совет, создава и преобразува министерства (по предлози на премиерот), ги избира раководителите на Бугарската народна нанка и на други институции определени со законот, да одлучува за војна и мир, да одлучува за воена или друга вонредна состојба по предлози на претседателот или на Министерскиот совет, дава амнестија, распишува ордени и медали, одлучува за официјалните празници и така натаму. Народното собрание ги ратификува и донесува меѓународните договори предвидените во Уставот на Република Бугарија. Донесува закони, одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.
Remove ads
Парламенти
Remove ads
Големо народно собрание
Големото народно собрание (ГНС) е претставнички државен орган во Бугарија. Се избира непосредно од избирачите од целата земја за решавање на важни државни и општествени прашања, како и донесување или менување на уставот, менување на територијата на државата, избирање на претседател, регенти и др. Како бугарска институција, ГНС е создадено со чл. 85 на Трновскиот устав, укинато е со уставот од 1947, потоа повторно е установено со промени во Уставот на Народна Република Бугарија во 1990.
Remove ads
Надворешни врски
- Официjален саjт на Народното собрание на Република Бугарија Архивирано на 24 јуни 2005 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
