Национален парк Егмонт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Национален парк Егмонт (англиски: Egmont National Park) — национален парк јужно од Њу Плимут, близу западното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Наречен е по истоимената планина која ги доминира пределите, а планината така ја именувал Капетан Кук, во чест на Џон Персевал, втор Ерл од Егмонт, Прв лорд на Адмиралштабот, поддржувач на првото патешествие на капетанот Кук. На маорски плаината со векови се нарекувала Таранаки, а денес двете имиња се подеднакво официјални.

Паркот е основан во 1900, и во него доминира големиот заспан вулкан на планината Таранаки (Егмонт).[1] Паркот преку годината добива обилни врнежи, кои во суштина се од орографско потекло поради влажните западни ветрови кои влегуваат на копното од Тасмановото Море и налетуваат на планината Таранаки и блиските венци Поуакаи и Каитаке и затоа се принудени да се издигнат. Заради големото количество на врнежи и благата крајбрежна клима, подрачјето има бујна дождовна шума која ги покрива падините. Оваа шума е од национално значење заради наполното отсуство на буката (род Јужни буки).
Remove ads
Екологија
Пределите на паркот се одликуваат со богата шума од северна рата, риму/широколисни четинари, иако кај севкупниот екосистем на паркот може да се забележи растителна зонација - ратата и римуто се најраспространети во пониските делови, додека пак дрвото камахи доминира во повисоките предели. Во овие прашуми доминира крунскиот папрат (Blechnum discolor) од ниските растенија.[2] Карактерот на растителните заедници се менува со надморската височина, до подалпски и алпски честак на високите предели, во остар контраст со околните обработливи површини и земјоделски пасишта. Мошне забележлива географска форма во паркот е карактеристичниот радијален одводен систем, кој може да се забележи на фотографијата десно.
Remove ads
Поврзано
- Национални паркови во Нов Зеланд
- Таранаки/Егмонт - епонимната планина
Наводи
- GNS Science. 2009. „Вулканите на Нов Зеланд: планината Егмонт“ Архивирано на 21 октомври 2009 г. (англиски)
- C. Michael Hogan. 2009. Крунски папрат: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, уредн. Н. Стромберг (англиски)
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads