Национален парк Кахуранги

From Wikipedia, the free encyclopedia

Национален парк Кахурангиmap
Remove ads

Националниот парк Кахуранги (англиски: Kahurangi National Park) — национален парк во заверозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Прогласен е за таков во 1996 г. и зафаќа површина од 4.529 км2. Со тоа, тој е втор по големина во земјата. Образуван е од поранешниот шумски парк „Северозападен Нелсон“.

Кратки факти Национален парк Кахуранги, Најблизок град ...
Thumb
Тревесто висорамнинско станиште. Во паркот се застапени најразновидни животни и растенија кои живеат само на тоа место.
Thumb
Змејолисници (Dracophyllum traversii) во паркот.

Во паркот се наоѓа ’ртот Кахуранги, кој се смета за граница помеѓу регионите Западно Крајбрежје и Тасман. Значајни се Хифиската патека и планината Овен.

Паркот е под управа на Службата за заштита на природата. Популарни активности во паркот се планинарењето, сплаварењето и пештерскиот туризам . Пред подрачјето да стане национален парк, Хивиската патека била популарна за планински велосипедизам. По извесно време била ставена забрана за велосипеди, за потоа да се дозволи во ограничениа мера со цел да се утврдат последиците од овие активности пред да се донесе конечно решение.[1]

Ова е едно од само две живеалишта на птицата такахе (Porphyrio hochstetteri), заедно со планината Мерчисон во Фјордленд.[2] Во 2018 г. на подрчајето се доведени 18 единки, цел век по нивното изумирање во тие краишта.[2]

Во 2019 г. е решено кон паркот да се придодаде голем дел од сливот на реката Мокихинуи, вклучувајќи 15 км од самото речно корито.[3]

Remove ads

Заштитни иницијативи

Покрај постојаната заштитна работа на Службата за заштита на природата, постои и иницијатива на локалната заедница за „имплементирање, во партнерство со Службата за заштита на природата, заштитна стратегија за да се зачуваат и/или врати загрозената флора и фауна во Растителното сливното подрачје на националниот парк Кахуранги. Ова ќе го збогати доживувањето на сите посетители на ова популарно подрачје, и ќе доведе до поголема свест за заедницата и негова поголема употреба.“[4]. „Друштвото има оптегнато стапици во должина од околу 30 км а меѓу нив има по 100 метри простор. Постои и програма за истребување на осите. Дел од програмата на друштвото е и надгледување и контрола на птиците.“ [5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads