Национален парк Ракиура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Националниот парк Ракиура (англ. Rakiura National Park) е природен резерват на Стјуартовиот Остров/Ракиура во Нов Зеланд. Овој е најновиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд, отворен на 9 март 2002 г. Зафаќа површина од 1.570 км2, околу 85% од Стјуартовиот Остров, кој е трет остров по големина во земјата. Во паркот не спаѓа населената област околу Полумесечениот Залив (т.е. гратчето Обан) и некои патишта, како и приватна маорска земја повнатре на копното.[1] Паркот се состои од мрежа од поранешни природни резервати, пејзажни резервати и општествени шуми.
Remove ads
Природознание
Во паркот има популарна планинарска патека наречена Ракиура Трек. Во него живеат најразновидни локални птици, а паркот нуди најдобра можност во земјата за посматрање на птицата киви во дивина. Ова делумно се должи на ограничениот број на невестулки и ласица. Во извесни крајбрежни предели во паркот се размножуваат загрозените жолтооки пингвини.[2]
Поврзано
Наводи
- C. Michael Hogan. 2009. „Жолтоок пингвин: Megadypes antipodes“, GlobalTwitcher.com, уредн. Н. Стромберг Архивирано на 5 октомври 2011 г. (англиски)
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads