Национален универзитет „Киево-Могиланска академија“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Националниот универзитет „Киево-Могиланска академија“ (украински: Національний університет «Києво-Могилянська академія») е државен универзитет кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Академијата била основана во 1991 година како претходник на истоимената академија која била основана во 1615 година, како најстара во земјата. Зградата на универзитетот се наоѓа во реонот на Подил, меѓу Контрактовскиот плоштад и Днепар. Наставата се одржува на украински и англиски јазик. Според податоци од 2011 година, универзитетот е рангиран на второ место според квалитет на образование.
Денеска универзитетот се состои од шест факуктети, и тоа:
- Правен факултет
- Факултет по информатика
- Факултет по економија
- Факултет по хуманитарни науки
- Факултет по социјални науки и технологии
- Факултет по природни науки
Освен факултетите, универзитетот се состои и од една универзитетска библиотека.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads