Неандерталец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Неандерталец
Remove ads

Неандерталец е изумрен вид праисториски човек кој живеел во раниот и средниот палеолит за кое време се протегал во Европа и западниот дел на Азија. Неандерталецот изумрел пред 24 000 години кога бил заменет како доминантна група од страна на човекот.

Кратки факти Неандарталец, Научна класификација ...

Едвард Рубин од Националната Лабораторија Лоренс Беркли во Беркли, Калифорнија тврди дека последните генетрски тестирања направени врз коски од Неандерталци укажуваат на тоа дека DNA структурата на Неандерталецот е 99.5-99.9% идентична со DNA структурата на човекот.[3][4]

Remove ads

Таксономија

Thumb
Човечки череп (лево) спореден со неандерталски (десно)

Етимологија

Неандерталецот е наречен по долината Неандертал во Германија во која во 1856 година биле најдени череп, скелет и други коски од овој вид луѓе.

Откривање

Thumb
Делови од черепот на Неандертал 1, во Музејот на човештвото, Париз

Редица на фосили на неандерталци биле откриени пред да се разбере целосно нивната старост. Првите остатоци на неандерталец—Енгис 2 (череп)—биле откриени во 1829 од холандско/белгискиот праисторичар Филип-Шарл Шмерлинг во пештерите Енгис, Белгија. Тој заклучил дека овие „слабо развиени“ човечки остатоци мора да биле закопани во исто време и од истите причини како и коегзистирачките животински.[5] Во 1848, Гибралтар 1 од каменоломот Форбс бил презентиран пред Научното друштво на Гибралтар од Едмунд Хенри Рене Флинт, но се сметало дека е череп на современ човек.[6]

Во 1856, локалниот учител Јохан Карл Фулрот ги препознал коските од пештерата Клајне Фелдхофер во долината Неандер—Неандертал 1—како различни од модерните луѓе,[б 1] и ги предал на германскиот антрополог Херман Шаафхаузен за проучување во 1857 година. Тие вклучувале череп, бутни коски, десна рака, лева рамена и лакотна коска, лева бедрена коска, делови од десната лопатка, и делови од ребрата.[8][9]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads