Неаполска катедрала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Неаполска катедрала (италијански: Duomo di Napoli; неаполски: Viscuvato 'e Napule), или катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ (италијански: Cattedrale di Santa Maria Assunta) — римокатоличка катедрала, главна црква во Неапол, Јужна Италија и седиште на Неаполската надбискупија. Нашироко е позната како катедрала „Свети Јануариј“ (италијански:Cattedrale di San Gennaro), во чест назаштитникот на градот.
Remove ads
Историја
Сегашната катедрала во анжујски готски стил (италијански: gotico angioino) била нарачана од кралот Карло I Анжујски. Изградбата продолжила за време на владеењето на неговиот наследник, Карло II (1285–1309) и била завршена во почетокот на 14 век за време на Роберт Анжујски. Изградена е на темелите на две палеохристијански базилики, чии траги сè уште јасно се гледаат. Под зградата ископувањата откриле грчки и римски артефакти.
Надбискупската палата се граничи со катедралата.
Remove ads
Ентериер и уметнички дела

Катедралата дава пристап до археолошките остатоци во криптата на соседната изворна палеохристијанска црква Санта Реститута, каде што има грчки ѕид што му припаѓа на храмот на Аполон, во opus reticulatum. Под апсидата се гледа перистилот на доцниот царски домус. Исто така дел од римскиот аквадукт по основањето на градот и дел од грчки пат на косина.
Друга знаменитост на ентериерот е Кралската капела на богатството на Сан Џенаро, со фрески на Доменикино и Џовани Ланфранко, олтарници од Доменикино, Масимо Станционе и Јузепе де Рибера, богатиот висок олтар на Франческо Солимена, бронзената ограда од Козимо Фанцаго и други уметнички дела, вклучително и реликвијар од француски мајстори од 14 век.
Други уметнички дела се Успение на Пјетро Перуџино, платна од Лука Џордано и палеохристијанска крстилница, со мозаици од 4 век. Главната капела е реставрација од 18 век, со барокен релјеф од Пјетро Брачи. Капелата Минутоло, спомната во Декамерон на Бокачо, има фрески од 14 век.
Криптата е на Ломбардиецот Томазо Малвито. Фасадата била преработена од Енрико Алвино кон крајот на 19 век, но го задржува порталот од 15 век, вклучувајќи и некои скулптури од Тино да Камаино.
Remove ads
Чудо на крвта
Во црквата се наоѓа шишенце со крвта на свети Јануариј. Тоа се вади три пати годишно, првата сабота во мај, на 19 септември и 16 декември, кога исушената крв обично се втечнува. Ако крвта не успее да се втечне, тогаш преданието вели дека Неапол ќе го снајде несреќа .
Една неодамнешна хипотеза на Гарлашели, Рамачини и Дела Сала е дека шишенцето содржи тиксотропен гел,[1] исто така објаснето во серијата „Крвно чудо на загатки на мртвите“ на Националниот географски канал Во таква супстанција вискозноста се зголемува ако не се меша и се намалува ако се меша или се поместува. Истражувачите предложиле конкретно суспензија на железен оксид-хидроксид, FeO(OH), што ја репродуцира бојата и однесувањето на „крвта“ во ампулата.[2] Суспензијата може да се подготви од едноставни хемикалии кои биле лесно достапни во месноста уште од древнина.[3] На 21 март 2015 година, крвта во ампулата изгледала како да се втечнува за време на посетата на папата Франциск. Ова било сфатено како знак на наклонетост на светецот кон папата. Крвта не се втечнила кога папата Бенедикт XVI бил во посета во 2007 година.
Погребувања

- Свети Јануариј
- Папа Инокентиј IV
- Карло I Анжујски
- Свети Реститута
- Систо Риарио Сфорца
- Риналдо Пишичело
- Асканио Филомарино
- Алфонсо Касталдо
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


