Неапол (покраина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.[1]
Remove ads
Демографија
Неапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.[2]
Remove ads
Туризам
Подрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.[3]
Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.[4]
Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалакот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
