Необновливи извори на енергија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Необновливи извори на енергија или необновливи ресурси — група на ресурси кој не можат да обноват кога ќе се искористат еднаш. Тука спаѓаат фосилни горива (нафта и природен гас), минерали, руда како и подземните води во одредени облици, иако водата содржи елементи кои се конзервирани.

Спротивно од необновлите ресурси има обновливи во кој спаѓаат: вода, ветар, дрво итн.
Remove ads
Фосилни горива
Ресурсите како што се нафта и земен гас се потребни и до неколку илјади години да се формираат и не можат да се заменат толку брзо колку во денешно време што се користат. Се смета дека ресурсите кој се засновани на фосил има шанси да станат скапи и да не се преработубаат, па човекот да мора да се пренасочи на други извори на енергија како што се сончева енергија и енергијата на ветрот.
Моментално главниот извор кој го користи човекот се необновливите фосилни горива. Од 19 век со појавата на Мотор со внатрешно согорување, нафта и останатите фосилни горива се во константна потрага. Константно користење на фосилните горива довело до тоа да имаме појава на глобално затоплување, како и остри климатски промени.
Remove ads
Минерали и руда
Минералите и рудата, како и металите се пример за необновливи извори. Самите минерали се присутни во огромни количества во Земјината кора и нивната екстракција од страна на човекот настанува исклучиво на местата каде се концентрирани природни геолошки процеси (како што се топлина, притисок) во таа мерка да станат економски одржливи за екстракција. Овие процеси обично траат од неколкку десетина илјади до милиони години.
Remove ads
Јадрени горива
Употреба на јадрената технологија која се заснова на цепење во природата се појавува како радиоактивен материјал, односно гориво. Ураниум е најчесто цепење на горива, а присутен е во релативно ниски концентрации, и се експлоатира во 19 земји. Ураниум се користи како гориво за јадрен реактор, кој генерира топлина која пак се користи за напојување на турбината за производување на струја.
Јадрена енергија обезбедува околу 6% светска енергија и 13%-14% светска електрична енергија. Јадрената произведувачка е поврзана со потенцијална опасност радиоактивна контаминација, бидејќи се потпира на несигурни елементи.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads