Несториј Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Несториј Цариградски или Нестор (починал околу 451 ) — цариградски патријарх од 428 до 431 година.
Според него е наречено еретичкото движење несторијанство. Во годините пред Ефескиот вселенски собор клучна фигура претставувал Несториј кој, во својство на цариградски архијереј (428), во литургиските беседи ги вклучувал и оние за Марија Човекородица велејќи притоа дека преку нив тој само ја артикулирал нејзината перцепцијата кај паствата[1].
Според него, никаде во Светото Писмо таа не се нарекувала Богородица, и никаде во Светото Писмо не станувало збор за доењето, што било делумно точно бидејќи во Евагелието по Лука (11:27) една жена му вели на Христа: “Блажена нека е утробата што те носела и градите што те доеле”. Во својот антропоцентричен пристап Несториј зборува за две Христови компоненти: природа (ousia) и појавност/персоналност (upostasiV). Тој на Првиот ефески собор (431), поддржан од својот истомисленик Јован Антиохиски, жестоко спорел со противниците, предводени од Свети Кирил Александриски и Прокло Кирикски (Мисиски), подоцна назначен за цариградски владика. Епилогот на диспутот била анатемата на Несториј и неговото учење и исклучувањето на источните епархии на Сирската црква од екуменската целост[2]. Токму во ова време, Свети Кирил Александриски станал осведочен востановувач на доктрината за Богородичиното безгрешно зачетие запишана во неговите омилии “За опонентското кредо на Несториј[3]”
Така, на крајот од Ефескиот вселенски собор било решено во корист на Свети Кирил Александриски, а самиот Несториј бил осуден[4] Во наредните месеци биле сменети околу 17 епископи кои го поддржувале Несториј. Под притисок на царот, Јован I Антиохиски го напуштил Несториј во март 433 година. На 3 август 435 година, византискиот цар Теодосиј II издал едикт според кој Несториј бил прогонет во манастир во Египет. Тој таму останал да живее до неговата смрт во 451 година.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads