Никола Каранџулов
македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никола Каранџулов ( 1880 - 28 јуни 1904) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Никола Каранџулов е роден во Прилеп во 1880 година. Во Загреб завршил Педагошко училиште. Повеќе години учителствувал во родниот град и во други места низ Македонија.
Во 1898 година ѝ пристапил на револуционерната организација ВМОРО[1].
Во 1902 година, бил затворен во битолскиот затвор од страна на османлиската власт во кој подоцна успеал да избега. Станал војвода на чета и инструктор-ревизор на четите во Прилепско.
Учесник бил на Прилепскиот конгрес во мај 1904 година. На 28 јули 1904 година, неговата чета била откриена од Османлиите во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена. Во повеќечасовната нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Каранџулов [2]
Remove ads
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads