Никче Павчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Никче Павчев
Remove ads

Никче Перов Павчев ( 1919 во Бањане, Скопско 1944 во Црешево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Thumb
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Никче Павчев
Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Произлегува од сиромашно семејство и успеал да заврши само основно училиште. Се занимавал со земјоделство и сточарство. Служел во кралската југословенска војска и имал чин наредник. Неговото село го помагал Првиот скопски партизански одред. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во септември 1944 година на овој терен, стапил во нејзините редови. Станал командир на вод и се покажал како способен старешина. Со водот и својот баталјон водел борби против балистите на билото на Скопска Црна Гора и со успех го задржувал напредувањето на балистичките банди да продрат во селата на Скопска Црна Гора. Во една од борбите кај селото Црешево, загинал во месноста Бошево, во октомври 1944 година. Неговите останки биле пренесени и закопани во селските гробишта во Бањане.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads