Нинлил

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во сумерската митологија, Нинлил („Дамата на отворениот простор“ или „Дамата на воздухот“), на почеток наречена Суд, во Асирија наречена Мулиту, е божица сопруга на Енлил. Нејзиното потекло е различно опишано. Најчесто ја нарекувале ќерка на Хаиа (богот на магацините) и Нунбарсегуну (или Нуншебаргуну (божицата на јачменот) или Нисаба). Некои извори ја нарекуваат ќерка на Ану и Наму.

Живеела во Дилмун со своето семејство. Силувана е од Енлил, кој подоцна ѝ станал сопруг. Енлил ја оплодил со вода, и таа го родила Син/Нана, идниот бог на месечината. За казна, Енлил е протеран во подземното кралство Ерешкигал, каде му се придружила Нинлил. Енлил повторно ја оплодил, и таа го родила Нергал, богот на смртта. Потоа го родила и Ниназу, богот на подземниот свет. Енлил преправен како човек од брод, ја оплодил и таа го родила Енбилулу, богот на реките и каналите.[1]. Според некои текстови Нинлил е исто така и мајка на Нинурта.

Откако умрела, претворена е во божица на воздухот. Според приказните од Адапа, таа е божица на јужниот ветер, поради тоа што нејзиниот сопруг Енлил бил поврзуван со северните зимски бури.


Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads