Новогвинејски крокодил

From Wikipedia, the free encyclopedia

Новогвинејски крокодил
Remove ads

Новогвинејскиот крокодил (Crocodylus novaeguineae) е мал вид на крокодил кој живее на островот Нова Гвинеја.

Кратки факти Новогвинејски крокодил, Заштитен статус ...
Remove ads

Особености

Мажјаците од видот Crocodylus novaeguineae растат до 3,5 метри, додека женките се долги до 2,7 метри. Телото е со сиво-кафеава боја, со темнокафени или црни белези на опашката. Муцката е прилично долгнавеста, и кај младите крокодили е со шилеста форма, додека кај ворасните муцката е поширока. Според физичкиот изглед, доста е сличен со Филипинскиот крокодил (C. mindorensis) и Сијамскиот крокодил (C. siamensis). Филипинскиот крокодил во минатото се сметал за подвид на новогвинсејскиот крокодил и го имал името C. novaeguineae mindorensis.

Возрасните единки ловат ноќе, и претежно се хранат со риби, водни птици и други мали рбетници како водоземци и влекачи.

Женките несат помеѓу 22 и 45 јајца.

Remove ads

Живеалиште

Ова ноќно животно се среќава во слатководните мочуришта и езера, најчесто во внатрешноста на островот Нова Гвинеја. Иако може да живее и во солени води, овој крокодил ретко се среќава во крајбрежјето во водите кои имаат помало количество сол од морската вода. Никогаш не живее во места каде што го има Морскиот крокодил (C. porosus). На островот Нова Гвинеја има 2 популации на C. novaeguineae кои се одвоени до планински венец. Овие две популации се одредени со помош на генетски анализи.

Remove ads

Заштитен статус

Новогвинејскиот крокодил денес е со најмала загриженост од изумирање. Популациите се проценуваат на помеѓу 50 000 и 100 000 единки. Во минатото, до 1970-тите бил убиван поради кожата. Потоа е создадена програма за заштита и за одгледување (фарми на крокодили), која според бројот на единки во природата се смета за успешна.

Наводи

  • „New Guinea Crocodile“. Crocodilians. Посетено на 2006-10-15.
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads