Новозеландски Подантарктички Острови

архипелаг From Wikipedia, the free encyclopedia

Новозеландски Подантарктички Острови
Remove ads

Новозеландски Подантарктички Острови (англиски: New Zealand Subantarctic Islands) — петте најјужни групи на оддалечените острови на Нов Зеланд, заштитени како светско наследство на УНЕСКО.[1] Расположени се по јужниот раб на стариот потопен континент Зеландија, раседен од Австралија пред 60–85 и од Антарктикот пред 130-85 милиони години.

Thumb
Карта на Новозеландските Подантарктички Острови

Сè до 1995 г. во метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров трајно престојуваленаучни истражувачи, но оттогаш островите ги посетуваат само повремени научни екипи и туристи. Островите се следниве:

  • Антиподски Острови: главниот остров и островот Болонс, Приветрените Острови, Орд Лис, Заветрен Остров, Саут Ајлет, како и помали карпи
  • Оклендски Острови: Окленд, Адамсов Остров, Дисапојнтмент, Ендерби, Јуинг и Роуз и помали карпи
  • Баунти: две мали групи островчиња, Западната и Источната, како и помали карпи
  • Кемпбелови Острови: Кемпбеловиот Остров како главен, мали карпи и островчиња околу него, вклучувајќи ја најјужната точка на Нов Зеланд, островот Жакмар.
  • Снерс: Североисточен Остров, Висок Остров, Бротон, Алерт Стак, Тахи, Руа, Тору, Фа и Рима, како и помали карпи

Делат извесни особености со австралискиот остров Маквори на запад.

Нов Зеланд воено се повикува, over several на неколку острови недалеку од антарктичкото копно, чија сопственост е во задршка согласно Антарктичкиот договор:

  • Росов Остров и остатокот од Росовиот Архипелаг
  • Балени: Јанг, Бакл и Стерџ и неколку помали островчиња
  • Рузвелтов Остров
  • Скот и Хагитс Пилар

Од сите нив, само Росовиот Остров има научен кадар распореден во неколку истражувачки станици, од кои попознати се Макмердовиот Теснец и базата „Скот“.

Заштитата на резерватот е зајакната во 2014 г. со што островите станале најголемото природно прибежиште во земјата.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads