Новоселански манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Новоселански манастирmap
Remove ads

Новоселански манастир — нов манастир во кочанското село Ново Селани.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Местоположба

Манастирот се наоѓа во источниот дел на селото Ново Селани, пред самиот влез во селото.

Историја

Сите градби во и околу манастирот биле подигнати по откривањето на еден црковен објект во 1981 година, кој претставувал еднокорабна базилика со нартекс. Должината на црквата била 16,70 метри, а ширината 10,60 метри. Sидовите биле градени од кршен камен и малтер со ширина од 0,65 метри. Покрај црквата се наоѓа природен извор со култно место посветено на Света Петка.[1]

Покрај главната црква „Св. Петка“, биле обновени или изградени уште објекти врз стари ранохристијански темели во времето на покрстувањето на Словените на Брегалница.[1]

Remove ads

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквите „Св. Петка“ и „Св. Марина“, два параклиса, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Петка“

Црквата е подигната во 1981 година на стари темели.

Црква „Св. Марина“

Црквата е нова градба за која нема податоци за изградбата.

Параклиси

Во дворот на манастирот се наоѓаат и параклисите „Св. Јаким“ и „Св. Недела“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads