Ное
појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ное (народно: Дедо Ное) — пророк од Стариот завет, еден од подалечните потомци на Адам и Ева. Ное бил праведен и непорочен човек во своето време. Тој секогаш одел со Господ. Нему му се родиле три сина: Сим, Хам и Јафет.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанско богословие | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||

Господ видел дека развратот на човекот бил голем и дека сите мисли на неговото срце секогаш биле лоши. Господ зажалил што го создал човекот и решил да ги истреби луѓето од Земјата. Му рекол на Ное да си направи кораб висок триесет лакти, а широк педесет. Во коработ да земе од сè што е живо од сè по едно суштество женско и машко. Рекол дека на земјата ќе фати голема поплава и ќе изумри сè што е живо и сè што се наоѓа на Земјата во тој миг.
Како што му нареди Господ, Ное така стори. Му рекол да влезе во коработ тој и неговото семејство, зашто него го нашол праведен од човечкиот род. За четириесет дена и четириесет ноќи ќе врне дожд и сè ќе истреби од Земјата. Во седмиот ден дошол потопот. Во тој ден во вториот месец на седумнаесеттиот ден, кога на Ное му била шестотата година од неговиот живот, во истиот ден се отвориле сите небесни брани и почнало да врне дожд четириесет дена и четириесет ноќи.
Remove ads
Надворешни врски
- Библијата на македонски и други јазици
- Библија на македонски Архивирано на 17 мај 2014 г.
![]() | Оваа статија поврзана со Библијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads