Нортхајм
град во Долна Саксонија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нортхајм (германски: Northeim) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на германскиот пат на фахверк.
Во минатото, градот бил дел од Ханзата. По површина, градот претставува втор најголем во Долна Саксонија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Нортхајм се наоѓа во јужниот дел на Долна Саксонија. Се наоѓа 20 километри северно од Гетинген. Низ средиштето на градот поминува 10. степен географска должина.
Низ Нортхајм тече реката Руме со нејзиниот канал.[2] Западно од градот поминува Лајне во насока југ-север. Во неа се влева Руме 4,5 километри северозападно од центарот на градот.
Нортхајм се наоѓа во Нортхајмската Езерска Област, која се простира на 360 хектари.
Градски единици
|
|
|
Соседни општини
Нортхајм на север се граничи со градот Ајнбек и општината Калефелд. На исток се граничи со општината Катленбург-Линдау. Јужно од Нортхајм се наоѓа Нертен-Харденберг, а западно е градот Моринген.
Remove ads
Историја
Нортхајм првпат е споменат во 800 година во документ за пренос на имот од франконски благородник на манастирот во Фулда. Во X век, областа станала грофовија, управувана од грофовите на Нортхајм. Прв од нив, Зигфрид е споменат во 982 година. Од 1061 до 1070 година, грофот Отон II го држел племенското војводство на Баварија како царски феуд, но повторно го загубил поради неговата вклученост во саксонската завера против кралот Хајнрих IV.
Манастирот „Св. Блазиј“ бил основан околу 1100 година. Во 1252 година, Нортхајм ги добил градските права, а од 1384 до 1554 година бил член на Ханзата. Кога било воведено протестантството во 1532 година, сите цркви биле предадени на протестантите.
Дел од градот бил уништен од пожар во 1832 година, кога изгорело и претставителното Градско собрание од средниот век, како и 40 куќи. Поголема штета предизвика пожарот од 1892 година, кој уништил неколку значајни историски градби на плоштадот.
Откако железницата била изградена од Хановер до Гетинген, била изградена и делница до Нортхајм во 1854 година, со што градот добил на значење и станал железнички јазол. Железницата „Јужен Харц“ била отворена во 1868 година, а железницата „Золинг“ во 1878 година.
Во текот на Втората светска војна, Нортхајм бил бомбардиран во септември 1944 година, февруари 1945 година и во март 1945 година. Железничката станица, пет фабрики и 18 куќи биле целосно уништени, а 80 куќи биле оштетени.[3] За среќа, стариот дел на градот не претрпел штети.
Remove ads
Знаменитости
Постојат многу зачувани куќи изградени во фахверк во стариот дел на градот. Најстарите фахверк-куќи биле изградени од дабово дрво во XV век.
Дел од стариот дел на градот е опкружен од средновековен бедем, кој бил изграден во периодот 1252-1305.
Најстара црква во Нортхајм е капелата „Св. Фабијан“ и „Св. Себастијан“, која била изградена во готски стил во средината на XIV век и обновена во 1985/86 година.[4] Црквата „Св. Сиксти“ била градена од 1464 до 1517 година. Поседува готски олтар од 1420 година и друг олтар од XVI век.[5] Откако црквата преминала на протестантите во 1539 година, повеќе не живееле католици во градот. Првата католичка црква која била изградена по реформацијата била Св. Богородица надвор од стариот дел на градот кон крајот на XIX век.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Нортхајм е збратимен со следниве градови:
Сообраќај
Нортхајм има железнички врски со Гетинген и Хановер. Воедно, градот има мал аеродром источно од градот.
Познати луѓе
- Ото Нортхајмски — војвода на Баварија
- Хајнрих Крајпе — генерал
- Ана Наклаб — пејачка
Галерија
- Замок Имбсхаузен
- Васергасе (Wassergasse)
- Капелите Св. Фабијан и Св. Себастијан
Поврзано
- Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург
- Нортхајмска Езерска Област
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads