Носечка ракета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Носечка ракета или лансирно возило — ракета која се користи за носење на товар од Земјината површина до блиската орбита. Лансирниот систем ги вклучува лансирното возило, лансирната рампа, и останатата инфраструктура.[1] Иако товарот на ракетоносачите најчесто е вештачки сателит кој треба да се постави во орбита, некои вселенски летови се суборбитални, додека други им овозможуваат на вселенските возила да ја напуштат целосно Земјината орбита. Ракетоносачот кој се користи за суборбитален лет често се нарекува истражувачка ракета.

Земјините орбитални возила поседуваат најмалку два степена, а понекогаш 4 или повеќе.
Remove ads
Видови на носечки ракети

Потрошните ракетни возила се осмислени за еднократна работа. Тие вообичаено се раздвојуваат од својот товар и да се распаднат за време на повратниот влез во атмосферата. За споредба, повторно употребливите ракети се осмислени за повторна употреба по нивното лансирање. Спејс шатли беше единственото возило со делови за повторен орбитален лет.„СпејсX“ развива повторно употрерблив ракетен систем за нивните возила „Фалкон 9“ и „Фалкон Хеви“. Втората генерација на VTVL возила беше најавена во 2011 г.[2][3] Ниско летовната испитна пограма на технолошките испитувања на прототипното возило започанале во 2012 г., се продолжило со повисоко летачки исптни летови во средината на 2013 г., и истите продолжуваат со секој понатамошен лет на Фалкон 9.[4] Безракетните летови сè уште се во планирачка фаза.
Лансирните возила се често класифицирани според количеството на маса која ја одвезуваат во орбитата. На пример ракетата Протон може да подигне 22.000 кг. во нискоземската орбита (НОЗ). Лансирните возила се исто така опишани според нивниот број на степени. Ракетите со пет степени се успешно лансирани, а постојат и осмисленија за неколку еднофазни ракети. Дополнително, лансирните возила честопати се снабдени со дополнителни мотори со што се овозможува силен поттик. Засилувачите овозможуваат останатите мотори да бидат мали, со што се намалува масата на согорување во подоцнежните фази при поголеми товари.
Други често пројавувачки осбини на лансирните возила се вселенската агенција и компанијата за производство и лансирање на возилата. На пример, Европската вселеснска агенција ги произведува ракетите Аријана V, додека пак United Launch Alliance ги произведува и лансира ракетите Делта IV и Атлас V. Многу од лансирните возила се сметаат за дел од историската линија ан возила со исти или слични имиња како што е на пример Атлас V од семејството Атлас.
Според лансирната рампа
- Копнени: вселенски пристаништа и фиксни ракетни силоси[5] (Стрела) за ICBM
- Морски: фиксна платформа (Сан Марко), подвижни платформи, подморници (Штил, Волна) за SLBM
- Воздушни: воздушини ракети (Пегаз, „Виргин Галактик“ „ЛаунчерОне“, „Стратоланч сиситемс“), балони („ARCASPACE“), „ЏП Аероспејс“ орбитален искачувач, предлог за постојано воздушно пристаниште.
Според големината
Постојат многу начини за класификација ан големините на лансирните возила. Американската цивилна вселенска агенција, НАСА, користи класификациона шема која беше напишана од Агустиновата комисија која ги прегледа плановите за замена на Спејс Шатлот:
- Истражувачка ракета не може да се искачи во орбитата и е способна само за ниски орбитални летови.
- Мало летачко лансирно возило е способно за подигнување на товар од 2.000 кг. во нискоземската орбита (НОЗ)[6]
- Средно лансирно возило способно да подигне товар од 2.000 до 20.000 кг. во НОЗ[6]
- Големо товарно лансирно возило способно да подигне товар од 20.000 до 50.000 кг. во НОЗ[6]
- Супер големо лансирно возило способно даподигне повеќе од 50.000 кг. во НОЗ[6][7]
Водечкиот европски лансирен обезбедувач на услуги, Аријанаспејс, исто така го користи поимот „големо-товарно“ за ракетата Аријана 5 која може да понесе 20.000 кг. во НОЗ[8] и „Среднотоварно“ за Старсем од Аријанаспејс и Сојуз СТ и претходниците на Аријана 5 се лансирни возила кои можат да понесат 2.000 до 20.000 кг во НОЗ.[9] Се однесува на Вега НОЗ летало со носивост од 1.500 кг. кое спаѓа во „лесно-товарно“ возило.[9]
Remove ads
Составување на возилата

Секој посебен степен од ракетата се составува во сопствени производствени погони и истите се испорачуваат до лансирното место, со поимот составување на возило се однесува на спојувањето на ракетните степени со товарниот дел на возилото познат како вселенско возило. Едностепените ракети (како што се истражувачките ракети), и многустепените возила, кои вообичаено се составуваат вертикално, директно на лансирната рампа со подигнување на секој степен и вселенското возило со помоч на кран.
Ова не е практично за поголемите вселенски возила, кои се составени надвор од рампата и се пренесени до местото на лансирање на најразлични начини. НАСА за Аполо/Сатурн V и месечевиот модул како и Спејс Шатлите, кои се составуваа вертикално на подвижна лансирна рампа со прикачени лансирни кули, во VAB, за подоцна да го одвезе ползачки транспортер целото возило до лансирната рампа. За споредба, возилата како Руската ракета Сојуз и СпејсX Фалкон 9 се составени хоринзонтално во хангар, транспортирани на истиот начин и на крај се исправаат на лансирната рампа.
Remove ads
Орбитални лансирни возила

Истражните ракети вообичаено се користат за кратки, евтини вселенски и микрогравитациони експерименти. Моменталните човечки ниско орбитални лансирни возила се Спејсшипоне и наследникот Спејсшипто.(Погледајте вселенски туризам).
Брзината потребна за орбитално лансирање од површината на Земјата е најмалку 9.300 м/с. Оваа брзина се пресметува со комбинирање на отпорот на воздухот, кој се одредува преку балистичкиот коефициент како и гравитациското завлекување, искачувањето и хоризонталната брзина потребна за да се добие соодветен перигеј. Потребната брзина за искачувањето е менлива но се движи меѓу 2 км/с за 200 км висина.
Намалувањето на воздушниот отпор значи дека ракетата треба да поседува висок балистички коефициент, што пак значи дека лансирното возило кое најмалку 20 м долго, или пак односот на должина/пречник е поголем од 10. И напуштањето на атмосферата најбрзо обезбедува воздушен отпор од 300 м/с. Хоризонталната брзина потребна за да се постигне НОЗ е околу 7.800 м/с.
Пресметувањето на брзината е доста сложено, и во сите случаи потребно е бројчено интегрирање, со што се додаваат многукратни брзински вредности со песимистички резултати, бидејќи ракетата може да напредува само под агол за да ја постигне орбитата, со што се заштедува гориво како што се искачува а со тоа и истата забрзува.
Поврзано
- Ракетно лансирање
- Вселенска логистика
- Вселенско истражување
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads