Нојхарденберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нојхарденбергmap
Remove ads

Нојхарденберг (германски: Neuhardenberg) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија. Во општината се наоѓа дворецот Нојхарденберг, резиденција на прускиот принц Карл Август фон Харденберг. Општината се состои од селата Харденберг, Алтфридланд, Квапендорф и Вулков. Нојхарденберг е дел и административно седиште на истоимената општинска заедница.

Thumb
Дворец Нојхарденберг
Кратки факти Земја, Местоположба на Нојхарденберг во рамките на округот Меркиш-Одерланд ...
Remove ads

Имиња на местото

Најстариот документ за постоење на местото е од 1348 и во него се споменува како Квилиц (Quilicz). Подоцна бил изменет начинот на пишување на името (Quilitz). Кога во 1814, Карл Август фон Харденберг го добил дворецот, веднаш го преименувал местото во Ној-Харденберг (Neu-Hardenberg). На меѓународниот ден на трудот, 1 мај 1949, местото било преименувано во Марксвалде (Marxwalde) во чест на Карл Маркс. Ова било вратено на 1 јануари 1991. Оттогаш, местото повторно го носи старото име Нојхарденберг (Neuhardenberg), но со мал изменет начин на пишување.

Remove ads

Историја

Thumb
Парохиската црква

Изградбата на дворецот Нојхарденберг со внатрешното уредување од Карл Готхард Лангханс потекнува од крајот на 18 век. Во 1763, прускиот генерал Јоаким Бернхард фон Притвиц го добил Квилиц, поранешен посед на благородничкото семејство Пфуел. Историското село било уништено од пожарот во 1801 и обновено во неокласичен стил според плановите на Карл Фридрих Шинкел. Од 1820 Шинкел го обновил дворецот, додека градините биле направени според плановите на принцот Херман фон Пиклер-Мускау и Петер-Јозеф Лене.

Карл-Ханс Граф фон Харденберг држел состаноци за подготовка на Јулската завера, по која бил уапсен и неговиот имот бил запленет од нацистичките власти. Во 1945, Харденберг повторно се соочил со одземање на неговите имоти од советската воена администрација. Дворецот бил претворен во училиште. Од 1957, аеродромот во Марксвалде изграден во 1930-тите бил проширен како база на винг на Источногерманските воени сили.

По повторното обединување на Германија, дворецот бил обновен од семејството Харденберг и припаднал на здружението на банки. По обновувањето бил повторно отворен во 2002 во присуство на тогашниот германски претседател Јоханес Рау. Денес се користи за конференции и културни настани.

Remove ads

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads