Нуклид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нуклид е атом на хемиски елемент за кој е точно познат не само редниот или атомски број Z, туку и вкупниот број на нуклеони (протони и неутрони) во атомското јадро. Според својствата на јадрото, нукидите се делат на стабилни и нестабилни. Нестабилните нуклиди или радионуклиди покажуваат својство на радиоактивност и нивното количество во примерокот се намалува со текот на времето според законите на радиоактивното распаѓање.
Во природата постојат околу 92 хемиски елементи и уште 12 вештачки произведени, а познати се околу 1500 различни нуклиди од кои 350 се природни, а 1100 вештачки. Повеќето нуклиди се нестабилни (радиоактивни), околу 1200. Погодната комбинација од протони и неутрони го прават атомското јадро стабилно, а во спротивно јадрото настојува со оддавање на нуклеоните да се приближи до стабилната конфигурација. Енергетските нивоа во јадрото се пополнуваат така што би се постигнала конфигурација со минимална енергија, односно максимална стабилност.[1]
Remove ads
Нуклиди и изотопи
Група на нуклиди со еднаков број на протони (атомски број), односно нуклиди од ист хемиски елемент но со различен број неутрони, се нарекуваат изотопи на дадениот елемент. Слично, група на нуклиди со еднаков масен број A, но со различен атомски број се нарекуваат изобари (збор што значи „еднакви по тежина“), додека изотони се нуклиди со ист број неутрони, но различен број протони.
Remove ads
Поврзано
- Список на нуклиди
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads